На и околу 8.септември кугларскиот клуб Вардар две години по ред беше домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на првиот и вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република Македонија. Во изминатите две години учество земаа најсилните екипи од ЕКС Ју републики: Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Македонија.
Веќе црвено-црните ги започнаа подготовките за треттиот Интернационален турнир “8-ми септември кој ќе се игра оваа есен. Начелно веќе се познати гостите, останува потврдување на нивното учество и можноста за обогатување на оваа манифестација со поголем број учесници од претходно. Вардар со цел развивање и промоција на овој спорт, воедно овозможување да се гледа „кремот“ во Скопје го организира настанот. Честитки за упорноста и за истрајноста на раководството на клубот.