Кошаркарскиот клуб Вардар ја заврши натпреварувачката сезона 2018/2019, успешно. Момците во сениорска лига ја исполнија целта, односно обезбедија директен опстанок во елитата. Кај девојките имаше многу причини за задоволство оваа сезона, тие го одбранија купот и потоа направија исчекор плус. Дојдоа до титулата „детронизирајќи“ го Бадел по пола деценија владение.
Вчера и официјално беше „спуштена завесата„ на оваа сезона. По тој повод ревијален натпревар одигаа стручната фела во црвено-црниот клуб и шампионките од ЖКК Вардар. Победата замина кај дамите.