Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Завировски со завршни подготовки за Скопскиот Маратон !
Атлетика: Завировски со завршни подготовки за Скопскиот Маратон !

Атлетика: Завировски со завршни подготовки за Скопскиот Маратон !

Атлетичарот на Атлетскиот Клуб Вардар, Петре Завировски ги одработува последните подготовки за Скопскиот Маратон. Маратонот требаше да се одржи во мај, но поради пандемијата со корона вирусот е преместен за 4 Октомври.

Се уште не е познат протоколот и начинот на кој ќе се одржи оваа манифестација, која овој пат ќе мине без трката на 5км која е откажана. Нашиот атлетичар Петре Завировски е пријавен за трката на 21.097км. Да потсетиме тој последен пат полумаратонската делница ја финишираше во 2018г.

119134946_968810700304364_8572784618661172408_n

На трчаме кон целта со резултат од 1 час и 22 минути. Негов најдобар резултат е 1 час 17 минути и 10 секунди истрчан во Подгорица во 2016 година. Завировски најави дека неговата форма во последниот период бележи добар напредок. И дека ќе ги искористи преостанатите 20 тина дена за уште повеќе да ја крене формата. Најави добар полумаратон.