Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОДБОЈКА! Викендов стартува првата лига, Вардар e нов прволигаш

ОДБОЈКА! Викендов стартува првата лига, Вардар e нов прволигаш

okvardar

И одбојкарска федерација на Македонија, исто како и кошаркарската, мака мачеше да означи официјален старт на новата сезоната. По долги промени, конечно, викендов треба да започне новата сезона од првата одбојкарска лига на Македонија.

Во новата сезона има големи промени. Нов прволигаш е нашиот тим Вардар. Покрај Вардар, оваа сезона има уште три нови екипи во прват лига, а тоа се: Борец ГОК од Велес, УГД Студент и Лешок. Покрај овие три екипи остануваат во првата лига и: Шампионот од минатата сезона, тимот на Шутова, потоа Лирија, Струмица и Пробиштип.

Во овој есенски дел од сезоната, ОК Вардар треба да одигра вкупно осум првенствени натпревари, и еден куп натпревар.