Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) Куглање! Тројца вардарци вчера солидно настапија на ’’Светскиот куп“ , денес нови тројца искачаат на мегдан
(ФОТО) Куглање! Тројца вардарци вчера солидно настапија на ’’Светскиот куп“ , денес нови тројца искачаат на мегдан

(ФОТО) Куглање! Тројца вардарци вчера солидно настапија на ’’Светскиот куп“ , денес нови тројца искачаат на мегдан

kugla-vlakje

Вчера во  Болцано-Италија се одигра првиот натпреварувачки ден на   најквалитетното кугларско натпреварување  “Светскиот куп“, тоа е собирот на најдобрите 14 екипи на планетава. Тројца наши куглари  одиграа вчера на првиот натпреварувачки ден за нас.  Другите   тројца според програмата ќе играат денес. Тренерот Драги Димитровски се одлучи вчера да   ги  употреби ударното вардарово дуо најдобриот македонски кугларски пар Бојан Влаќевски -Димитровски Димитар и  Младен Донковски.

kugla-00

Влаќевски тргна прв, Бојан стартуваше ненајдобро, но како одминуваше неговиот настап беше посигурен и во финишот блесна. Тој забележа 591 “собрени дрва“ вчера. По него настапи Димитар Димитровски, кај нашиот “бисер“ нема дилеми дека ќе оди над 600+. Тој имаше настап во кој собори 612 “чуњеви“. Трет настапи Донковски, тој беше последен вардарец вчера кој искочи на патеката , тој имаше скор од 562.  Денес ќе настапат според планот Коста Ристевски,  искусниот Миле Димковски, а пак третата опција ќе се бара помеѓу  Влатко Стојановски, Бранко Митиќ и Марјан Згонц. Дарко Димитровски и ако е дел од експедицијата нема да настапи на ова европско натпреварување поради доцнењето со тренижниот процес.

kugla-3 kugla-5 kugla-99 kugla-dime