Вардар го освои четвртото место на турнирот што се одржуваше во Ниш откако македонскиот претставник претрпе минимален пораз од Рибница од 2-3 во сетови, во мечот за третата позиција.
„Вардарци“ прикажаа многу подобра игра отколку на премиерниот натпревар против Ниш, одлично му парираа на квалитетниот ривал, но немаа сили да го издржат темпото во тај-брејкот во решавачкиот сет. Рибница го доби првиот сет со 25-18, „црвено-црните“ возвратија и славеа во вториот со 29-27, повторно српскиот тим поведе откако славеше во третиот сет со 25-22, за Вардар повторно да израмни, добивајќи го четвртиот дел од мечот со 25-19.
Во клучните моменти сепак пресуди поголемиот ростер на противникот, кој триумфираше со 15-8.
Без оглед на поразите, добрата игра и растот во формата се причина за оптимизам во пресрет на следната фаза од подготовките и стартот на новата натпреварувачка сезона.