Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар гостува во Охрид
КК Вардар гостува во Охрид

КК Вардар гостува во Охрид

КК Вардар си ги сведе на минимум шансите за останување во првата лига со несреќниот пораз против Пелистер изминатиов викенд. Кога се чинеше дека конечно Вардар ќе добие еден натпревар, се случи спротивното, гостинот со кош во последните секунди го однесе натпреварот во продолжение, а таму по пет минути стигна до победа.

Сега КК Вардар својата прва победа ќе ја бара во Охрид кај тимот на АВ Охрид. Овој тим минатиот викенд ја победи Струмица во дербито на плејаут лигата. Вардарци пред себе ќе имаат тешка задача бидејќи во тимот на АВ Охрид настапуваат одличните Брукс и Кален.

Овој натпревар ќе биде одигран во сабота со почеток во 18 часот.