Младиот вардарец незнае за доста, тој гази се пред себе неговата форма наликува на олимпиец. Викендов на 2ри Октомври во Градскиот парк во Скопје се одржа традиционално по 18ти пат маратонот на себенадминување. На полумаратонската трка 21.1км настапи вардаровиот атлетичар Петре Завировски.
Во конкуренција на 100-тина атлетичари од Македонија, Србија и Косово успеа да триумфира и да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум со нов најдобар резултат во кариерата 1:17:29. Црвено-црното момче по две ипол години Завировски успеа да го подобри својот резултат во полумаратон. Претходно неговото најдобро време го постави на Балканското првенство во полумаратон кое што се одржа во Април 2014 година. А резултатот изнесуваше 1:17:35. Ова веројатно е полусезона од соништата за Вардарецот кој дефинитивно со овие резултати е две можеби три класи подобар од тоа што беше. Следна трка на која ќе настапи Завировски е Поштенскиот маратон кој што се трча во градот Прилеп веќе следната недела!