Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > (ФОТО) КОШАРКА! Нема сила која ќе го запре Вардар, после титулите во М-20 и М-18 од вчера сме Шампиони на Македонија и во М-14
(ФОТО) КОШАРКА! Нема сила која ќе го запре Вардар, после титулите во М-20 и М-18 од вчера сме Шампиони на Македонија и во М-14

(ФОТО) КОШАРКА! Нема сила која ќе го запре Вардар, после титулите во М-20 и М-18 од вчера сме Шампиони на Македонија и во М-14

t2

Нема сила која ќе го запре Вардар во младинските категории во кашарката, како што веќе е познато неприкосновено е број еден школа во  младинска конкуренција, пред околу еден месец КК Вардар  се закити со  шампионската титула во првенството до 20 години. Тогаш младите кошаркарски надежи   по трет пат во финалната серија однесоа победа со нивниот  голем ривал Карпош Соколи. Вардарци  со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската круна, а од викендов  на нив им се приклучија и црвено-црните момци од М-18. Предводени од младиот тренер Ѓорѓи Кочов со низа од три победи го изненадија фаворитот МЗТ Скопје А и со 3-1 во победи го добија финалето на Плеј офот и ја освоија титулата во генерацијата М18. Сепак не застанавме тука вчера најмладите кошаркари од генерацијата 2002 и помлади  се најдобриот тим во Македонија во М14 во натпреварувачката сезона 2015/16.

t3 t4

Во финалето на Плеј офот младите кошаркари на Вардар со максимални 2-0 во победи беа подобри од големиот ривал Водно Санс. Вчера црвено црните како гости со убедливи 83-70 ги совладаа врсниците од Водно санс и заслужено стигнаа до златните медали и шампионскиот трофеј во натпреварувачката сезона 2015/2016. Шампионскиот трофеј и златните медали на кошаркарите на Вардар  им ги додели генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска.

t5 t6 t7 t9

t

Фото: basketball.org.mk