Во новата сезона која започна во Македонската кугларска лига, веќе се одиграни две кола. Кугларскиот клуб Вардар сериозно започна да инвестира во македонското куглање, создавајќи два тима. Екипата „А“ и „Б“ се натпреваруваат во оваа сезона.
Двата тима имаат солиден број на играчи во ростерот, но покрај тоа црвено-црните „реактивираа“ неколку поранешни куглари и ги внесоа во тимовите. Најново име во нашиот тим е Ѓорѓиевски Столе. Тој се враќа на овој спорт по речиси деценија пауза. Станува збор за член на кугларска фамилија, овој спорт го практикуваа и неговиот татко и чичко. Ѓорѓиевски (32години) има настапувано за тимот на ТКС. Тој ќе биде дел од Вардар-Б.
Честитки за Вардар и неговото несебично инвестирање во масовоста и квалитетот на овој мал спорт во земјава.