Вардаровиот борач, Могамедгаџи Нуров (97 кг) ќе се бори за бронзениот медал на Европските игри во Минск, Белорусија, откако во репасажот го совлада Сабо Михали од Унгарија со 11-0, односно технички туш.
Вечерва за бронзата ќе се сретне со Белорусинот Алекасандар Хуштин во 19:30 часот, според белоруско време, односно 18:30 по македонско. Нуров во првото коло го победи Литванецот Лукас Караускас со 10-0 (технички туш), а во второто коло налета на рускиот борач, олимпискиот, светскиот и европскиот првак, Абдулрашид Садулаев и загуби со 6-0.