Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Нуров не дојде до “бронза“ ама покажа квалитет и континуитет на квалитетната работа во Вардар
Борење! Нуров не дојде до “бронза“ ама покажа квалитет и континуитет на квалитетната работа во Вардар

Борење! Нуров не дојде до “бронза“ ама покажа квалитет и континуитет на квалитетната работа во Вардар

Вардаровиот борач и македонски репрезентативец Магомаедгаџи Нуров вчера се бореше за бронза во категоријата до 97 кг на Европското првенство во Нови Сад, Србија.  За жал и покрај одличниот настап на првенството  тој неуспеа да го освои долго очекуваниот бронзен медал за Македонија. Во клучниот меч се сретна со   грузиецот Елизбар Одикадзе, каде   Нуров беше поразен  со технички туш 10-0.

bk

Нашиот борач  до оваа борбата за медал стаса преку репасажот,  каде  со технички туш 10-0, дојде до убедлива победа победа  против естонскиот репрезентативец Рагнар Каасик. Одличен меч имаше Нуров и во 1/8-финалето, каде исто така со технички туш (10-0)  победи против репрезенативецот на земјата домаќин, србинот Марко Јовановиќ. Ова е одличен успех за БК Вардар и Македонското борење. Од клубот искажуваат благодарност до Могамед Ибрагимов-Моги и до Гајдар Гајдаров. За економската и моралната помош се заблагодаруваат до Македонските олимпици- Трстена, Сеиди и Шоров и до целокупниот УО на Вардар.