Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Вардарецот, Могамедгаџи Нуров доби олимписка стипендија од МОК
Борење! Вардарецот,  Могамедгаџи Нуров доби олимписка стипендија од МОК

Борење! Вардарецот, Могамедгаџи Нуров доби олимписка стипендија од МОК

Македонскиот олимписки комитет (МОК)  на почетокот од неделава на  пригодна церемонија ги потпиша стипендиските договори со 12-те македонски спортисти, кои се  потенцијални учесници на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2020 година во Токио.

bk3
Станува збор за вкупна сума од околу 250.000 долари за стипендирање на 12-те спортисти во следните две и пол години (околу 8.000 долари месечно), обезбедена од програмата за олимписка солидарност на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Таа сума е речиси идентична на онаа наменета за 11-те стипендисти пред почетокот на ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро (Бразил). Спортистите не ги добиваат парите на сметка, туку МОК ќе ги покрива нивните трошоци за тренинзи и за настапи. Од нашиот БК Вардар стипендија доби  борачот Могамедгаџи Нуров, кој воедно е и македонски репрезентативец. Одличниот црвено-црн вардаров борач, според одредената стипендија ќе прима 625 долари секој месец. Истата стипендија  би му помогнала да обезбеди пласман на ЛОИ.

bk4