Завршија рејтинг турнирите на пред Олимпијадата во Токио, а меѓународната федерација објави рејтинг кој ќе се земе предвид кога ќе се формира „мрежата“ на турнирот во Токио. Односно топ-4 фаворитите кои ќе имаат поволности при ждрепката. Во категоријата до 97кг каде што е вардарецот Нуров исто така беше објавено рангирање.
Нашето момче поради златото во Италија е во топ-4 во својата категорија. Лидер и прв фаворит е неприкосновениот “руски тенк“ Абдулрашид Садулаев. Вака изгледа рангирањето во неговата категорија.
До 97 кг.
1. Абдулрашид Садулаев (Русија)
2. Кајл Снајдер (САД)
3. Алишер Ергали (Казахстан)
4. Магомедгаџи Нуров (Македонија)