Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ВИДЕО) Нуров ја одбележа 2019 во борењето, единствен со „виза“ за Олимпијада по 12.години, единствен со медал од СП по 1998
(ВИДЕО) Нуров ја одбележа 2019 во борењето, единствен со „виза“ за Олимпијада по 12.години, единствен со медал од СП по 1998

(ВИДЕО) Нуров ја одбележа 2019 во борењето, единствен со „виза“ за Олимпијада по 12.години, единствен со медал од СП по 1998

Нуров, борачот на Вардар оваа 2019 година ќе ја помни по добро, тој постигна во иста голем успех. Тоа беше препознаено па во изборите за најддобар македонски спортист заврши веднаш зад Столе Стоилов и на изборот на АМС и на изборот на Град Скопје. Нуров е единствениот кој обезбеди олимписка норма за Токио 202, првпат по 12 години, покрај тоа и првпат по 1998 година донесе медал од СП, односно освои бронза.

Борбата за бронзениот медал на нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (-97 кг) против Алишер Јергали од Казахстан на Светското првенство во борење во Нур Сулатан, Казахстан, е прогласена за една од највозбудливите, на истата  Нуров славеше со 8-5.

Иако губеше Нуров во последните 40-тина секунди направи целосен пресврт и ја доби борбата 8-5 против домашниот борач, кој на своја страна ја имаше целата публика во салата.