Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: „Вардарки“ со лекција за Тетовски универзитет
Одбојка: „Вардарки“ со лекција за Тетовски универзитет

Одбојка: „Вардарки“ со лекција за Тетовски универзитет

ЖОК Вардар продолжува со беспрекорни изданија во новата сезона од женскиот одбојкарски шампионат, откако нашиот тим славеше со максимални 3-0 на денешната пресметка со Тетовски универзитет. „Црвено-црните“ настапија значително ослабени, денешниот дуел го пропуштија Ана Павловска и Ковачевиќ, како и странските засилувања на тимот, но оние кои добија шанса максимално ја оправдаа довербата на стручниот штаб, стигнувајќи до убедлив триумф.

„Вардарки“ одиграа перфектно во првиот сет, што без никакви проблеми го добија со преубедливи 25-8. Гостинките од Тетово најсериозно се заканија во вториот сет во кој стигнаа до 22 поени, додека во третиот Вардар рутински триумфираше со 25-18.

Најзаслужни за денешниот беспрекорен настап и рутинска победа беа Сара Делчева и секогаш стандардната Емилија Попјордановска.