Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Црвено-црно 1/8-фининале во Купот! ЖОК Вардар ЕМ и ОК Вардар Жени на „мегдан“

Црвено-црно 1/8-фининале во Купот! ЖОК Вардар ЕМ и ОК Вардар Жени на „мегдан“

274791834_693529118309508_7013363679144868711_n

Интересен натпревар не очекува во 1/8-финалето од Купот на Република Македонија кај одбојкарките, секако во 1/4-финалната фаза ќе има една црвено-црна екипа.

Во осминафиналето ќе се сретнат  тимот на ЖОК Вардар ЕМ, лидерот на второлигашката конкуренција и тимот на ОК Вардар Жени 2019, екипата која се засили ова зимо и се обидува да остане во првата лига и инданата сезона. Дуелот е закажан за денес (четврток, 3.март.2022) со почеток во 15-00 часот. Истиот ќе се игра во салата при основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Во осминафиналето се игра еден натпревар чии победник минува во следната, четвртфинална фаза каде што ќе се играа двомеч дома/гости за пласманот понатака.