На 31вото издание на Охридскиот атлетски маратон Вардар настапи со чети атлетичари. Ден пред маратонот трагично во семејна расправија животот го загуби претседателот на клубот Љупчо Трајчев. Вардарци трчаа во негова чест.
Легендарниот Трпе Мартиновски одново ја покажа својата класа и на 52 годишна возраст јуриша како да е во најдобрите денови. Со резултат 2:03:09 го освои 9 место во силна конкуренција како никогаш досега на Охридскиот маратон. Веднаш зад него на целта пристигна Марко Ивановски со инзворедно деби на Охридскиот маратон. Со резултат 2:03:25 го освои 10 место. Откако сезонава го избегнаа повредите. Марко Ивановски во текот на целата сезона покажува фантастични перформанси. По долга пауза поради повреда со само 7 недели тренинг на патеката се врати Петре Завировски. Со резултат 2:11:37 го освои 15 место. Свој настап имаше и Влатко Јакимовски. Тој со резултат 2:52:59 го освои 62 место.