Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар триумфално ја почна новата година
ОК Вардар триумфално ја почна новата година

ОК Вардар триумфално ја почна новата година

Одбојкарите на Вардар триумфално ја стартуваа новата година откако во првиот меч во 2021 рутински славеа на гостувањето против Борец Велес со 1-3 во сетови. „Црвено-црните“ влегуваат во вториот дел од сезонава со значително променет состав, но и со подмладени сили покажаа квалитет и потенцијал за лесно да прокнижат нови прволигашки бодови.

„Вардарци“ беа подобри од самиот почеток на мечот, добивајќи го првиот сет со 25-20. Добрата игра продолжи и во вториот сет, што нашите одбојкари го добија со 25-18, најавувајќи ја победата на оваа средба. Удобната предност предизвика мало опуштање во таборот на „црвено-црните“, поради што дојде до пад во нивото на игра, а Борец го искористи тоа и го доби третиот сет со 25-18.

Ова делуваше како „шок-терапија“ за „вардарци“, кои во четвртиот сет влегоа во својот препознатлив ритам, славејќи со убедливи 25-15 за печат на заслужениот триумф.

Следен предизвик за одбојкарите на Вардар е куп-дуелот со екипата на Штип што на програмата е в среда.