Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар негативен на COVID-19, претстојниов викенд стартува новата сезона
ОК Вардар негативен на COVID-19, претстојниов викенд стартува новата сезона

ОК Вардар негативен на COVID-19, претстојниов викенд стартува новата сезона

Сите одбојкари и членови на стручниот штаб на Одбојкарскиот Клуб Вардар се негативни на Covid-19, по извршеното тестирање во нашиот клуб во пресрет на почетокот од новата сезона.

„Црвено-црните“ одработија квалитетни подготовки, одиграа неколку пријателски натпревари и максимално подготвени влегуваат во новиот шампионат, во кој Вардар атакува на првото место и шампионскиот трофеј.

Новата сезона од македонскиот одбојкарски шампионат стартува викендов, а Вардар во првото коло му гостува на тимот на Штип