Познат е ривалот за европското искушение на црвено-црниот одбојкарски колектив. На ОК Вардар противник ќе му биде чешкиот клуб, Карловарско во премиерата во европскиот Челинџ куп. Вардарци настапот во третото по квалитет европско клупско натпреварување ќе го стартуваат во второто квалификациско коло.
Нашиот противник во последните четири сезони постојано е дел од европските клупски купови, а измината сезона 2018/2019 во домашната лига ја завршил на позицијата број пет. На првиот меч сме гости во периодот помеѓу 12 и 14 ноември, реваншот се игра во нашиот главен град една седмица потоа.