Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Тренерот на Вардар по С.П проф.Пешко:Треба да се престане со: “Важно е само да се учевствува”- не ,важно е да се победи и оствари целта (ако ја има) !
БОРЕЊЕ! Тренерот на Вардар по С.П проф.Пешко:Треба да се престане со: “Важно е само да се учевствува”- не ,важно е да се победи и оствари целта (ако ја има) !

БОРЕЊЕ! Тренерот на Вардар по С.П проф.Пешко:Треба да се престане со: “Важно е само да се учевствува”- не ,важно е да се победи и оствари целта (ако ја има) !

Очигледно е пропуштена голема шанса, на веќе за нас завршеното Светско првенство во борење во Лас Вегас за “визирање“ на норма за Олимпијадата во РИО-2016. Навистина не јасно за сите е како може да се пропушти ваква прилика каде во секоја категорија по 6 места носеа норма. Нешто дефинитивно беше проблем во водењето на репрезенација за што и пишувавме. Еден од најкомпетентните во таа фела тренерот на Вардар професорот Пешко со свое видивање за проблемот. Тој во изјава за mreza.mk  за фијаското на С.П и одлуката да патуваат повредени Митров и Зубаиров вели:

Јас официјално не сум во стручниот тим и ниту член на екипата што учествуваше во Лас Вегас на Светското првенство ! Конкретно со тренерот Гајдаров присуствувавме во приватна режија и дадовме максимална поддршка на нашиот тим !Неможеме конкретно да кажеме кој одлучил да учествуваат повредените борачи , и каков план и визија имале УО и раководството на ФБСМ и зошто Богданов бил изоставен од репрезентацијата !Но знаеме дека борашите во последниве 2-3 месеци неправилно се подготвуваа па дури и неколку лица на функции во ФБСМ си дале за право да ја преземаат улогата и одговорноста на Селекторот ( кој што на професионално ниво си ја изврсил својата задача во Лас Вегас ) и да одлучуваат и решаваат во негово име !Вардарците , пред 6 месеци беа на позавидно ниво на подготвеност , него ли сега , а требаше после Европските игри и одржаните висински подготовки да се доведат до повисок степен на подготвеност и да остварат значаен УСПЕХ на Светското првенство !Но најверојатно раководството на ФБСМ беше зафатено со назначување и распоредување на звучни функции и раководни места во ФБСМ , запоставувајки ги борачите и игнорирајки ги заслужните и квалитетните тренери !

На прашањето  дали би требало некој да сноси одговорност за ваквиот срам,бидејки од пет борби ние три ги загубивме со технички туш, Пешко во изјавата за мрежа.мк дополнува:

Секако дека некој треба да сноси одговорност !

Прво да се испита зошто матичните клубови не се известени за местонаогањето и во какви услови се подготвуваат репрезентативците ?

Второ, зошто селекторот не известил никого дека репрезентативците не ги исполнуваат планираните задачи и отсуствуваат од тренинзите ?

Трето , како може без согласност на матичниот клуб , и без тренерски надѕор , еден од репрезентативците да се испрати во друга земја на подготовки каде што не се дава никаков извештај или показател за неговата моментална форма ?

Четврто, најверојатно МОК , ќе престане да верува и финансира неуспеси ? Највероватно со погрешни луге од ФБСМ соработуваат и сосема сум сигурен дека на никој од тие личности не им е гриза дали ке се оствари резултат и успех !
Треба да се престане со “Кубертеновите” поговорки , дека е важно само да се учествува ! Важно е да се победи.