Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар фуриозно во младите лиги, 5/5 на дуелите викендов
КК Вардар фуриозно во младите лиги, 5/5 на дуелите викендов

КК Вардар фуриозно во младите лиги, 5/5 на дуелите викендов

КК Вардар е најдобрата македонска младинска школа, факт кој само се потврди со стартот на младинските кошаркарски напреварувања. Овие денови младите црвено-црни надежи одиграа 5.меча и имаа исто толку победи. Момците победија на 4.дуела, триумфи забележаа М18, М16 и два пати М15. Кај дамите убедливо победивме во лигата за девојки до 16.години.

a

Момците во дуел од лигата М16 гостуваа во Кавадарци,  КК Вардар беше гостин на тимот на КК Про Баскет. На мечот кој се одигра во салата „Градски Парк“ во Кавадарци победивме со 80.поена повеќе.  Ние триумфиравме со 34-114.

a2

Дамите од ЖКК Вардар ја пречекаа екипата на ЖКК Про Баскет во меч за девојки родени до 16 години. Ние го добивме овој дуел во генерација М16 со 55.поена повеќе. На семафорот во „Кале“ по крајот на дуелот стоеше 102: 47 за црвено-црните девојки.

2b

КК Вардар М18 во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ беше домаќин на Академија ФМП. Во овој дуел со врсниците од Скопје црвено-црните беа чекор пред ривалот. Одиграа одличен меч кој го добија со 20.поена позитива, победата беше остварена со резултат 87 : 67 на ова соочување.

162140699_2592489371051584_8652648319094481432_o

КК Вардар М15 го одигра првото коло во својата категорија, тие гостуваа во Кавадарци. Ние триумфиравме кај тимот на КК Баскет Кам со високи 34 : 114. Црвено-црните момци беа надмоќни во текот на цел натпревар што се рефлекираше и во крајниот резултат, односно во победата со 80.поена позитива на оваа средба.

a3

КК Вардар М15, вчера на домашен меч во „Кале“ беше домаќин на тимот на КК Спортисимо. Како и на сите дуели на кој настапуваат црвено-црните млади вардарови кошаркарски екипи и на овој бевме убедливи. Постигнавме двојно повеќе поена од ривалот, победата дојде до резултат 111-55.