Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски го освои 3.место на 5000м викендов на Финалето oд Купот на Македонија

АТЛЕТИКА! Завировски го освои 3.место на 5000м викендов на Финалето oд Купот на Македонија

Викендов во организација на Атлетската федерација на Република Македонија- АФМ и Атлетскиот Клуб Охрид се организаше Финалето на Купот на Македонија за СЕНИОРИ-КИ за 2016 година. Истото се одржа оваа сабота и недела на 28-29 Мај 2016 год, во бисерот крај Охридскиот езеро градот Охрид. Оваа манифестација  за место на одигрување на натпреварите го имаше Стадионот СРЦ Атина Бојаџи.

На трката на пет илјади метри (5.км) се појави членот на црвено-црниот атлетски колектив младиот атлетичар Петре Завифовски. Тој истрча одлична трка и успеја да се искачи на пиедесталот. Вардарецот Завировски истрча третто време со што стана “бронзен“ на ова “Финалето на Купот на Македонија за СЕНИОРИ-КИ за 2016 година.“ Ова постигнување е третта најдобра трка на оваа пет километарска дестинација за нашиот атлетирар во неговата кариера. Тој постигна време од 17 минути и 29 секунди на оваа делница. За напомена е дека трката се трчаше по катостофални временски услови, времето беше топло и влажно што придонесе речиси половина од пријавените на трката во должина од 5.000 метра да се одкажат за времен на истата. Завировски покажува одлични перформанси во последно време, особено од како е под менторство на легендатат на македонската и вардаровата атлетика “вечниот“ Трпе Мартиновски.