Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски: 6-ти Мај ќе биде голем ден за маратонското трчање во Македонија!
Атлетика! Завировски: 6-ти Мај ќе биде голем ден за маратонското трчање во Македонија!
Повторно се очекуваат настапи кои ќе носат одличја

Атлетика! Завировски: 6-ти Мај ќе биде голем ден за маратонското трчање во Македонија!

Се наближува  6 мај (недела) ден кога својот втор настап сезонава ќе го има нашиот атлетичар, Петре Завировски  на полумаратонската трка во рамките на Скопскиот Маратон.  Тој ќе биде дел од најмасовиниот и најдобро огранизираната атлетска манифестација во земјава.  Скопскиот маратон прерасна низ годините од домашен и во регионален настан, а годинава ќе биде дополнет и со атлетичари од Африка. Токму за овој маратон разговараме со младиот атлетичар на АК Вардар, Петре Завировски кој ни дава детали за истиот.

Тоа ќе биде голем ден. Низ скопските улици се очекува да продефилираат близу 9.000 тркачи од досега 54 земји од сите континенти. Меѓу кои и од ветените земји за маратон Етиопија и Кенија. Скопскиот маратон прерасна во маратон од светски ранг. Рамен на Берлин, Лондон, Чикаго, Бостон… Што се однесува до домашните тркачи, имаме квалитет како никогаш досега. На маратонската трка се очекува Александар Кираџиев да истрча маратон каков што немало од наш маратонец цела декада наназад. На полумаратонот, најверојатно Дарио Ивановски ќе истрча нов национален рекорд. Што се однесува до мојот настап, сигурно имам резултат под 1 час и 20 минути. Во последниот период тренирам добро. Добар е интензитетот. Се чувствувам добро на тренинзите. Психички сум добро подготвен. Со малку среќа може да падне и најдобриот полумаратон во мојата кариера.

petre

Само тактиката добро да се спроведе и да фатам добра група. И резултатот мора да дојде. Очекувам пласман во топ 10. Конкуренцијата ќе биде силна како никогаш досега, наградниот фонд е голем. Што привлекува многу квалитетни тркачи од целиот свет мегу кои елитни маратонци од Етиопија и Кенија. Ова за мене ке биде и мал јубилеј 20-ти полумаратон во мојата кариера. Мотив плус да се покажам во најдобро можно светло. Како никогаш досега на една трка одам на се. Нема што да се изгуби. Без калкулации и резервираност. Од самиот почеток ќе наметнам силен ритам. Ќе изгинам и резултатот мора да дојде!

Завировски дополнува и за неговите претходни настапи на најорганизираната атлетска манифестација во земјава:

Скопскиот Маратон од многу причини е посебен за мене. Тука 2010 година дебитирав, веќе следната 2011 година за прв пат во кариерата истрчав полумаратон. Во 2013 година за прв пат го почувствував пеколот на 42 километарската делница која е премногу без крај. Во 2014г за прв пат почувствував како е да мора да се повлечеш кога си најспремен поради повреда. Целата моја кариера е врзана со овој Маратон. Кој дефинитивно пред 9 години ми даде нов правец во животот и ќе го трчам цел живот-вели Завировски.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ