Неделава видовме успешното враќање на патеката на нашиот атлетичар, Петре Завировски. Вардарецот ја заврши штафетната трка со освоениот сребрен медал на “Трчаме Кон Целта“- трка која се одвиваше во Скопје.
Младиот атлетичар по 11.месеца пауза успешно се врати, па сега се подготвува за следните свои настапи. Тој најави дека следен негов настап ќе биде на „Виз Ер Скопскиот Маратон„ на трката на 5км. За прв пат по 2010г. тој на оваа манифестација ќе трча 5км.
Потоа најави дека ќе трча и на третото издание на “Охрид Трчат“. Манифестација на која досега Завировски нема настап.Најверојатно и тука ќе го видиме на трката на 5км. Тоа е неговиот распоред до јуни. Потоа ќе одлучи каде и на кои натпревари ќе продолжи да ја темпира формата за неговиот таргет, 30 километарската делница од Св.Наум до Охрид на 8-ми септември.