Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Завировски задоволен од стартот на сезоната
Атлетика: Завировски задоволен од стартот на сезоната

Атлетика: Завировски задоволен од стартот на сезоната

Викендов вардарецот, Петре Завировски го истрча својот 19-ти полумаратон во кариерата. Со резултат кој е под неговите можности 1:22::26 минути, но како што вели тој тоа е максимумот во овој момент со што се пласираше на 9-тото место на 13-тото издание на традиционалниот полумаратон “Трчаме кон целта“.

Конкуренцијата беше многу силна составена од најдобрите домашни атлетичари. Но, не смее а да не се напомене фактот дека недостасуваа неколкумина елитни домашни натпреварувачи кои викендов ќе настапат на интернационални трки. Исто така дел од елитните тркачи кои настапија денеска не трчаа со својот максимум поради настап на силен меѓународен маратон во Бугарија следниот ден по трката. Сепак беа тука да ја испочитуваат трката. Нашиот атлетичар Петре Завировски продолжува со своите подготовки. Најверојатно негов следен настап ке биде на Скопскиот Маратон.