Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Завировски со нов атак
Атлетика: Завировски со нов атак

Атлетика: Завировски со нов атак

 Во недела на 28-ми март ќе се оддржи крос кантри трка во парк шумата Гази Баба во должина од 4км наменета за професионални атлетичари во чест на Методија Веновски-Мето.

Бројот на учесници ќе биде лимитиран на 25 во машка и женска конкуренција за право на настап имаат само професионални атлетичари. Тоа најавува една исклучително силна конкуренција и одлична можност за Завировски да ги провери своите сили за престојното национално првенство во полумаратон кое треба да се оддржи на 4.април. Воедно ова ќе биде првиот таргет за Завировски оваа сезона. Тој изминатиот период тренира одлично, неговата форма е во нагорна линија и може да се очекуваат добри резултати.