Викендов на програмата е новото 12.коло во Македонската кугларска лига, ние во ова коло бевме домаќини на екипата на КК Империал Тобако ТКС. На дуелот кој се играше во кугланата ВИП- при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ избраници на Драги Димитровски, момците од КК Вардар повторно победија и овој пат повторно со максимални 8-0.
Во третата средба со оваа екип, сезонава ова е третти успех, нашите момци во првиот домашен меч победија со 6-2, апак на гостинскиот дуел кај овој ривал триумфиравме со максимални 0-8. Во сетови доминиравме, имавме дури десет повеќе во нив бевме подобри со резултат 17-7. Вардаровите момци соборија 3204“дрва“, или 208 повеќе од противникот кој застана на бројката 2996. Кај нас Влатко Стојановски беше број еден со 562( 337+185) соборени “дрва“, втор скор имаше младиот Поп-Крстев кој зад своето име впиша скор од соборени 545 (355+192). Во подолжение статистика од целиот натпревар.