Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ЖОК Вардар ЕМ со победа на „огненото крштевање“ во сениорската лига
ЖОК Вардар ЕМ со победа на „огненото крштевање“ во сениорската лига

ЖОК Вардар ЕМ со победа на „огненото крштевање“ во сениорската лига

ЖОК Вардар ЕМ, вчера го имаше „огненото крштевање“ во сениорската конкуренција. Во деби сезоната во втората државна лига игравме во Штип кај тимот на ОК Младост УГД.

.
Црвено-црните девојки на првиот натпревар успеаа да отворат и да дебитираат со победа (3-1), ова е голем потик за нив во иднина.

На оваа средба, отворивме доминантно и поведовме со 2-0 во сетови, добивајќи ги со 25:17 односно со 25:20 воведните сетови. Потоа ривалот намали на 2-1 во третиот сет (16:25). Во четвртиот сет го добивме мечот победувајќи со 25:18 односно со конечен резултат 3-1. Честитки за девојките кои се претежно младинки и кадетки за првата победа во сениорската лига. На оваа средба шанса за настап добија сите девојки од ростерот на Вардар и впишаа деби.