На сцена во куглањето стапија возбудувањата од Купот на Република Македонија. Па така изминатиот викенд во кугларницата “Мусандра“ се одвиваа квалификациите за Купот во куглање. На истите ние бевме првопласирани со што си закажавме дуел со четвратата екипа во истите КК Хераклеа од Битола во полуфиналето.
Според договорот на двата тима полуфиналните две соочувања ќе се играат на наш терен во Скопје. Нашите момци ќе бидат домаќини во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Градскиот трговски центар Скопје. Вчера се одигра првиот од двата дуела и во истиот црвено-црниот кугларски колектив дојде до убедлива победа со 7-1. Нашите момци соборија 3298 “дрва“ нашиот противник имаше 222 помалку односно собори 3076. Во сетови триумфиравме со 17-7. Кај нас повторно најдобар беше нашиот лидер Димитар Димитровски кој собори повторно над “ магичната граница 600“ односо бутна 605 чуња. Втор беше Миле Димковски со 578 “дрва“ и тој како и Димитар освои поен. Младен Донковски и Дарко Димитровски дојдоа до победи и поени за нас. Донковски имаше 552, а Дарко 536 “соборени дрва“. Митиќ/Крстев соборија 522 и беа единствениот изгубен поен за нас, сепак тоа бемаше ниакво значење за оваа победа која беше висока. Згонц дојде до поен тој собори 505 кој беа доволни за победа на последната патека. Следи другото полуфинале кое “де факто“ е само формалност за момците на Драги Димитровски бидејќи ние веќе гледаме кон финалниот меч.