Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! КК Вардар дојде до нова победа, совладани Карпош Соколи
Кошарка! КК Вардар дојде до нова победа, совладани Карпош Соколи

Кошарка! КК Вардар дојде до нова победа, совладани Карпош Соколи

Викeндов во рамки на треттото коло во втората кошаркарска лига КК Вардар во малата сала при спортскиот центар “Кале“ ја пречека екипата на КК Карпош Соколи. Во овој трет меч сезонава, а прв како домаќини дојдовме до нова втора победа, во втората по квалитет кошаркарска конкуренција во земјава.

Нашите момци триумфираа со девет поени позитива, ние до првата домашна победа дојдовме со резултат 85-76 на овој дуел. По три кола имаме две победи и еден пораз, со пет бода сме третто пласиран тим во втората лига, пред нас со максимални шест бода се тимовите на Водњански Лисици и Академија ФМП. Во идното четврто коло гостуваме на екипата на  Бал фор лајф која досега има една победа во лигата.