Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар знае само за успех оваа пролет, совладан Радовиш во гости со 61-65
Кошарка! Вардар знае само за успех оваа пролет, совладан Радовиш во гости со 61-65

Кошарка! Вардар знае само за успех оваа пролет, совладан Радовиш во гости со 61-65

Викендов продолжија возбудувањата во втората кошаркарска лига за нашиот КК Вардар. Вардарци викендов го одигаа петтото  коло во оваа нова пролетна полусезесона и ја остварија петтата последователна победа . Тие гостуваа  кај  “фенерџијата „  екипата на Радовиш,  во втората по квалитет кошаркарска лига во земјава.

Нашите момци дојдоа до победа која за разлика од првиот дуел во Кале каде победивме со убедливи 93-77 беше далеку помала. Победата во ова 13.коло со последно пласираниот тим во лигата беше од само 4 поена, односно го добивме мечот со резулат 61-65. Со победата останавме цврсто позиционирани на втората позиција од табелата во лигата пред екипата на КК Гостивар која има две победи помалку и екипите на Пелистер и Водњански Лисици кој имаат три победи помалку од црвено-црниот кошаркарски колектив. До крајот од сезоната имаме четири исклучително тешки дуели односно сите се дерби средби. Најпрво го пречекуваме лидерот КК АВ Охрид, па гостуваме во Битола кај екипата на  Пелистер, потоа во претпоследното коло дома ја чекаме екипата која е зад нас КК Гостивар и последниот меч е со градскиот ривал  тимот на Водњански Лисици. Покрај мечот наш со радовишани во ова коло се одигаа уште три меча, ова се постигнатите резулати од истите :

12.03.2016  Ангели  90  89 Гостивар 2015
12.03.2016   Пелистер  79/65  70/65 Водњански Л.
12.03.2016   Охрид АВ  102  68 Тетекс