Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП: Македонија е полуфиналист, шест поени за Ташковски во победата над Естонија
ЕП: Македонија е полуфиналист, шест поени за Ташковски во победата над Естонија

ЕП: Македонија е полуфиналист, шест поени за Ташковски во победата над Естонија

Вчера во 1/4-финалето на ЕП (Б-дивизија) македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со  со убедлив триумф над Естонија (92-57) се пласира во полуфиналето. Ова е наша шеста победа од исто толку мечеви на шампионатот.

Естонците   по само десет минути мораа да се простат од желбите за успех, ние бевме фантастични. Црвено-жолите по крајот на првиот период имаа предност од 30-6. Се потоа беше рутина за одлично вкомпонираниот тим на Симиќ. Победата ни возможува шанса со само еден триумф во наредните два меча да се пласираме во толку посакуваната А-дивизија.

Најдобар во триумфот беше Јакимовски со „дабл-дабл“ од 17 поени и 10 скока. Вардарецот, Виктор Ташковски одигра 13.минути на оваа средба. Зад своето име впиша 6.поена и една асистенција.