Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Три гостувања во Тетово, три победи! ОК Вардар подобар од Лирија
Три гостувања во Тетово, три победи!  ОК Вардар подобар од Лирија

Три гостувања во Тетово, три победи! ОК Вардар подобар од Лирија

И трета победа во Тетово на одбојкарите на Вардар во четврттиот настап во вториот дел од сезоната 2021/22 во одбојкарскиот шампионат на Македонија.

ОК Вардар со 3-0 во сетови полесно од очекувањата го победи тимот на Лирија со што ја запиша и четврттата победа по ред во плејофот вкупно 10-та во првенството.

Црвено-црните одбојкари го добија првиот сет со 25-16, додека во вториот сет кој беше доста неизвесен ОК Вардар го доби со 25-23. И во третиот сет ОК Вардар ги реши сите дилеми околу победникот и го доби со 25-19 за 3-0 во сетови. ОК Вардар во Тетово исто така славеше над Шкендија со 3-1, а против Универзитет Тетово победи убедливо со 3-0.  Со оваа победа ОК Вардар со скор од (10-4) се зацврсти на второто место на табелата во првата одбојкарска лига на Македонија, веднаш зад лидерот Струмица кои се уште се без пораз оваа сезона (14-0).

lirija-vardar

Во следното 5.коло ОК Вардар ќе има вистински предизвик. Во Скопје во првиот натпревар од плејофот кој ОК Вардар ќе го игра на домашен терен, му гостува токму лидерот Струмица и тоа ќе биде одлична шанса за овој тим да покаже дека може да се носи со лидерот и да му го нанесе првиот пораз сезонава.

ТАБЕЛА:

Струмица (14-0),
Вардар (10-4)
Шкендија (10-4),
Универзитет во Тетово (8-6),
ГОК Борец (7-7),
Лирија (6-8)