ЖКК Вардар се врати на победите, вчера гостуваме кај тимот на Пробаскет од Кавадарци. Победивме со пресврт во вториот дел, победата дојде со резултат 55-88.
Домаќинот во првиот период постојано беше „чекор“ пред нас, тие создаваа разлика која ние ја бркавме. На одмор помеѓу двата дела заминавме со седум негатива, кавадарчанки водеа 38-31 за време на паузата. Нашите девојки во вториот дел влегоа во ритам, успеаа да ја анулираат негативата и полека да презимаат иницијатива. Успеавме во вториот дел да дадеме 57.поени, а примиевме само 17.поена. Победата дојде со резултат 55-88.