Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар се враќа триумфално и од “Градски Парк“, падна Работнички ние го чувавме врвот
ЖКК Вардар се враќа триумфално и од “Градски Парк“, падна Работнички ние го чувавме врвот

ЖКК Вардар се враќа триумфално и од “Градски Парк“, падна Работнички ние го чувавме врвот

Девојките на Жалкина Стојановска, сениорскиот тим на  ЖКК Вардар во натпреварот од петотто коло против екипата на ЖКК Работнички  освоија нови два бода и со максимални 10.бода го задржавме врвот во првата кошаркарска женска лига.

Нашите црвено-црни дами вистински издоминираа во “Градски Парк“ на гостувањето кај женскиот тим на  Работнички, особено имавме одличен старт на натпреварот и првата четвртина заврши со предност од 14 плус за нас. На пауза по 10.минути кошарка на овој дуел заминавме со резултат  07:21 на семафорот во наша корист.

k

Во текот на натпреварот противничкиот тим успеа во неколку наврати да ни се доближи, но и последниот дел го добивме со +11 поени и тука победата веќе беше запечатена.  Триумфот на ова гостување Вардар го избори со резултат 58-76.

Наредно коло   на наш терен во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“-Скопје ја пречекуваме екипата на ЖКК Гостивар 2009.