Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар тргна со победа во Тетово кај КК Тетекс ТТК во 2022

Вардар тргна со победа во Тетово кај КК Тетекс ТТК во 2022

По зимската пауза продолжија натпреварите во втората кошаркарска сениорска лига кај момците. Момците на Александар Јованчев, во првото коло во 2022 година беа гости и успеаа да ја започнат кошаркаската пролет со важна победа.

КК Вардар во дуел до 12.коло од сезоната 2021/2022 година  гостуваше во Тетово, наш ривал беше тимот на КК Тетекс ТТК.  На натпреварот во салата “Економско” Тетово, победа важна за продолжување на битката за првата лига остварија нашите момци кои победија со само 4.поена, кои сепак се доволни за освојување на 2.бода. Победата дојде со резултат 71-75.