Викендов стартуваше 2.круг во женската прва кошаркарска лига, во истиот ЖКК Вардар беше гостин на “фенерџијата“ во лигата екипата на Трокал. Дуелот се играше вчера, 3-ти фебруари, и на овој натпревар во кој бевме апсолутни фаворити против тимот кој е “закован“ на дното на табелата без ниту еден триумф дојдовме до убедлива победа.
Ривалот во изминатите осум кола во единствената женска лига во земјава имаше осум порази, а вчера го доживеја деветиот сезонава или третиот од нас. Нашите девојки вчера одиграа рутинирано, имаа водство од почетокот кое не беше воопшто загрозено во текот на цел меч и кои од четвртина во четвртина го зголемуваа постојано. Успеавме да победиме со 32 коша повеќе од домаќинот, ние триумфиравме со 25-57. Следен дуел во лигата кој не очекува за една седмица е тој со битолски ЖКК Пелистер другиот викенд во “Кале“.
Во оваа сезона за нас ова е третта победа над тимот на Трокал, во првиот дуел како гости кај овој тим победивме со “плус пеесет“ поена позитива односно со резултат 23-73. На домашниот дуел кој беше последен натпревар во изминатата 2017 година за нас и кој се одигра во малата сала при спортскиот центар “Кале“ во Скопје победивме со “плус четириесет и два“, мечот заврши со 83 – 41 во наша полза.