Во единствениот натпревар од петтото коло на Првата лига, игра овој викенд, кошаркарите на ТФТ Скопје ја добија драмата на гостувањето кај Вардар, победувајќи со 99-100 (26-23, 16-28, 27-30, 30-19). Дури 77 од 100 поени за победничкиот тим постигнаа Американците Харис, Андерсон и Хортон, а момците на Јованчев имаа напад за победа, но ударот на Провел не заврши во кошот.
Најефикасни поединци во тимот на ТФТ Скопје беа, Хортон со 28, Андерсон со 25 и Харис со 22 поени, а кај Вардар се истакна Провел со 38 поени.