Девојките на Жаклина Стојановска, кошаркарките на Вардар газат во Првата лига, тие нижат успеси. Вчера вардарки дојдоа до седмата победа во седмиот меч за нив оваа есен.
ЖКК Вардар гостуваше во салата „Младост“ кај тимот на Гостивар 2009 во меч од 7.коло. Ние доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра, веќе по првата четвртина имавме предност, истата ја зголемувавме од минута во минута. Победата дојде со 42.поени предност, ние триумфиравме со резултат 51:93.
Во следното 8 коло во ние сме домаќини во „Кале“ на ЖКК Шкупи.