Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Сите сениорски и млади вардарови екипи на 20 август почнуваат со подготовки
Кошарка! Сите сениорски и млади вардарови екипи на 20 август почнуваат со подготовки

Кошарка! Сите сениорски и млади вардарови екипи на 20 август почнуваат со подготовки

Кошаркарските екипи на Вардар сеуште се на одмор, тие според планот за подготовка имаат уште две недели од својот летен одмор. На 20-ти месецов почнуваат со подготовки сите колективи во црвено-црните. Женскиот и машкиот сениорски и младите категории.

Девојките предводени од Бране Андриевски ќе го бранат Куп трофејот и ќе атакуваат на висок пласман во лигата. Младите категории кои лани ги “собраа“ поголем број од пехарите и оваа сезона имаат иста цел, да покажат дека се убедливо најдобра младинска школа во земјава. Првиот машки тим лани заврши на дното од прволигашката табела, годинава повторно ќе се базира овој тим на младите вардарови момци кои се јадрото на сениорскиот колектив.