Одбојкарите на Вардар се првите полуфиналисти во Купот на Македонија. Вчера нашите играчи во салата „Форца“ ja совладаа екипата на Лирија со резултат 3-1 во сетови и со тоа ја надополнија негативата што ја имаа од првиот меч која изнесуваше еден сет.
Сега одбојкарите ќе го чекаат својот противник во 1/2 финалето. Другите патници во 1/2 финалето ќе бидат познати во текот на оваа недела.
Честитки до нашите млади одбојкари.