Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар загуби од Струмица (64-57)
КК Вардар загуби од Струмица (64-57)

КК Вардар загуби од Струмица (64-57)

Овој викенд беше одиграно првото коло во рамките на кошаркарската лига на Македонија. “Црвено – црните” момци на Кочов загубија на отворањето во Струмица од истоимениот тим со резултат 64:57.

Вардарци започнаа добро. По првите пет минути  имаа водство, по крајот на првата четвртина нашиот тим губеше само три разлика. Но, во втората четвртина домаќините ја направија главната разлика. Во втората четвртина нашите играчи дадоа само десет поени а примија дури 29. Во вториот дел нашиот тим одигра одлична одбрана и успеа да прими само девет поени за десет минтуи. Добрата игра продолжи и во последната четвртина, нашите момци примија само четири поени, но тоа не беше доволно да се анулира предноста од првиот дел. Се на се, одлична игра на Вардар во одбраната која радува.

Во нашиот тим најефикасни беа: Зекири 21 поен, Лазаревски 8 и Лефковски 7 поени.