Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Баскет Кам го совлада ЖКК Вардар
Баскет Кам го совлада ЖКК Вардар

Баскет Кам го совлада ЖКК Вардар

Засилени со капитенот на националниот тим, Митрашиновиќ, екипата од М. Каменица го победи Вардар (81:68), за прво место на Истокот

Со одигрувањето на заостанатиот натпревар во кој се сретнаа две екипи фаворити за место во плеј-офот, означен е крај на регуларниот дел во Првата лига-жени.

Екипата до Македонска Каменица по втор пат во оваа сезона беше подобра од „вардарки“, славеше со сигурни (81:68), за стонастотен ефект во натпреварите од групата Исток.

Десет меча десет победи и прво место на табелата пред продолжението на сезоната во кое следуваат натпреварите од Суперлигата.

За екипата на Баскет КАМ на оваа средба дебитираше и Анџелика Митрашиновиќ.

Капитенот на нашиот национален тим испорача 18.поени за својата нова екипа. И заедно со нејзината репрезентативна колешка, Ивана Кметовска, која реализираше 21.поен, беа творци на успехот на екипата од Македонска Каменица.

Овој викенд стартува и втората фаза од првенството – Суперлигата во коај место обезбедија по трите најдобри екипи во регуларниот дел: Баскет КАМ, Вардар и Крива Паланка од групата Исток, односно Бадел 1862, Работнички и Струга 2009 од Западот.

Паралелно со суперлигашките, ќе се играат и мечевите од Плеј-аут лигата.