Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Нов пораз на Вардар
Кошарка: Нов пораз на Вардар

Кошарка: Нов пораз на Вардар

КК Вардар доживеа уште еден пораз. Вчера, нашите момци загубија од тимот на КК Кожув со резултат 73:49. Нашите кошаркари, како и на минатите натпревари, “потклекнаа” во третата четвртина. Првата, нашиот тим ја загуби тесно со резултат 1715. Во втората исто така нашиот тим загуби, овој пат со шест поени разлика. Домаќинот клучната предност ја направи во третата четвртина. Во оваа, домаќинот постигна дури 24 поени, а нашиот тим 11. Во последниот период Вардарци додадоа уште 15, а примија 18 за нов пораз.

Во нашиот тим најефикасни на овој меч беа: Митев 12, Петровски 10, додека пак Лазаревски и Шалев придодадоа по 5. Кај домаќинот Штерјов постигна 16, а Ѓурашовиќ 13.