Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар совладан од Пелистер во „Кале“
КК Вардар совладан од Пелистер во „Кале“

КК Вардар совладан од Пелистер во „Кале“

Пелистер брзо се врати во победнипшка фаза. По поразот од гостивар на домашен терен, „зелено-белите“ ја потврдија фаворитската улога во дуелот со Вардар. Во СЦ „ Кале“ стигнаа до уште еден убедлив триумф, односно изразен со реализација на повеќе од сто поени.

„Вардарци“ одлично се бранеа во уводните десет минути одржуваа ритам со ефикасната игра на противникот од Битола, кој имаше водство од (32:28).

Но се почна да се менува со првите минути во втората четвртина. Битолчани нападнаа уште пожестоко. Направија серија од (8-2) која ги донесе на двоцифрен плус (40:30). Потоа, во нецели три минути игра и пет поени по ред на Трајковски, имаа и повисоки (45:33).

Тука „зелено-белите“ не застанаа, напротив, ја пролонгираа таа убава редица на поентирање до резултат (49:33). Парцијално изнесуваше (17-5) во нецели пет минути. Дел од играта во која Кесар веќе собра 17.поени, Трајковски имаше 12, а Калахан уште 11. Повеќе од комплетниот вардаров состав.

Секако, и повеќе од доволно за домашен „тајм-аут“. Без ефект затоа што пелистерската серија траеше, траеше… до плус 23 (56:33).

За полувремето да биде затворено со плус 20 за Пелистер (60:40).

Третата четвртина, односно оној воведен дел му припадна на домашниот тим, кој со серија од (15-5) половина од високата негатива (55:65). Освен Провел, проиграа и Ташовски, и особено Диксон.

Но гостите од Битола брзо ја вратија контролата над резултатот. Се одвоија на комотни (78:55), како што беше во 28.минута од мечот, и ги поставија работите на „нормала“. Интересно и третата четвртина заврши со егал скор, и „рамни бројки“ (80:60) во корист на гостинската екипа. А гостите од Битола немаа намера да сопрат. Сакаа да покажат, уште еднаш, дека со право се на првото место на табелата, сега со ефект од десет победи и два порази. Вардар останува на две победи во 11.одиграни натпревари во Првата лига.