Играчите на Џио Струмица ја продолжија доминацијата во домашниот шампионат, откако вчера го добија и дербито на врвот на табелата во Скопје против екипата на Вардар со убедливи 3:0 (25:21, 25:16, 25:15).
Струмичани на ова гостување влегоа со серија од 11 последователни победи и само два загубени сета, па Вардар беше во мисија да се обиде конечно да ги задржи, откако веќе еднаш загуби од нив во првиот дел од шампионатот.
Сепак, избраниците на Кире Ричлиев покажаа дека во моментов се најквалитетниот тим на домашната сцена и во три сета успеаја да го решат победникот на мечот. Во сите три сета вардар почнуваше добро, но потоа не успеваше да се задржи во ритам.
За одбојкарите на Вардар ова беше третиот пораз сезонава, но мора да се напомене дека тимот претрпе играчки промени во текот на зимата, па тренерот Марјан Трајковски се уште го составува тимот за продолжението од сезоната