Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар во последното коло од регуларниот дел го пречекува Кожуф, на 6.април започнува плеј-аутот
Вардар во последното коло од регуларниот дел го пречекува Кожуф, на 6.април започнува плеј-аутот

Вардар во последното коло од регуларниот дел го пречекува Кожуф, на 6.април започнува плеј-аутот

Овој викенд ќе се одигра поледното, 22.коло од регуларниот дел во Првата машка кошаркарска лига. Во истото екипата на Вардар во “Кале“ ќе ја пречека екипа на КК Кожуф. Дуелот ќе се игра в сабота (30/03/2019), со почеток во 19-00 часот. Црвено-црните се наоѓаат на 8.позиција на табелата со исти бодови како екипите на АБ Охрид и битолски КК Пелистер.

Единаесет тимови низ дваесет и две кола тековната натпреварувачка сезона во Првата лига во машка сениорска конкуренција се надигруваат за шест места во Супер лигата односно пет во плеј-аут лигата. Првите шест пласирани тимови на табелата во Првата лига мажи ќе се надигруваат во Супер лигата која ќе започне на 6. април, додека преостанатите пет клуба ќе се надигруваат за опстанок во елитната конкуренција, а борбата ќе започне на ист датум како и Супер лигата, тоа е на 6. април.

Последнопласираниот во Плеј-аут лигата ќе игра бараж натпревари (дома-гости) со второпласираниот од Втората лига мажи.