Зад нас е веќе последното коло во оваа сезона во Македонската кугларска лига, а во кое на програмата беше македонското дерби Кк Макпетрол- Кк Вардар. Ова беше многу важен и тежок натпревар бидејќи оној кој што ќе однесеше триумф во истиот поради поради еквивалентниот број на бодови во првите 9 кола ќе се закити со титулата шампион на Македонија во овој спорт. Кугларите на Макпетрол беа „домаќини“ во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“, која кугларница е и наш домашен терен.
Како некое непишано првило речиси цела сезона наназад во топ-6 изборот на најдобри резулати за изминатото коло, има куглари од нашиот црвено-црн кугларски колектив. Вардар во ова десетто, а воедно и последно коло од Македонската кугларска лига за сезоната 2015/16 имаше двајца свои играчи во идеалната постава на колото. Се разбира тоа се припадниците на фантастичниотот дуо “Влаќевски-Димитровски“. Димитар со својот скор од 603 “соборени дрва“ во мечот со “пумпашите“ се најден на третата позиција оваа последно коло. Нашиот Бојан Влаќевски кој е избран и за играч на ова коло се најде на лидерската позиција со перфектен скор од 658 “соборени дрва“ пред второпласираниот Сашо Трпковски од екипата на Макпетрол кој успеа да собори 623 “дрва“. Позициите од четвртот до шестото место ова коло се резервирани за Беличански, Мемеди и Николовски од екипата на старо-новиот македонски шампион тимот на Кк Макпетрол.